Италијанскиот фудбалски состав Торино ќе се обиде да дојде до потписот на напаѓачот на Челзи, Армандо Броја доколку Немања Радониќ си замине во текот на зимскиот трансфер период, објави – „Тутоспорт“.
22-годишниот Албанец од почетокот на сезоната не може да се избори за стартно место на „Стемфорд Бриџ“ и затоа ќе добие зелено светло да ја промени средината.
Тој има еден гол и една асистенција на 7 мечеви во сите конкуренции.

