Јувентус се откажа од можноста да го донесе Џејдон Санчо во Торино. На место англискиот крилен напаѓач, „Старата Дама“ ќе оди до крај во обидот да го купи најдобриот фудбалер на Сасуоло, Доменико Берарди.
Италијанските медиуми пишуваат дека Јуве го преферира Берарди поради неговата многу помала плата. Се очекува трансферот да биде околу 30 милиони евра, а италијанскиот репрезентативец ќе потпише на 3,5 години.
Санчо ќе мора да чека нова понуда, но очигледно е дека такви скоро и да нема.