Џанлуиџи Донарума е суспендиран на два натпревари од Лига 1.
Италијанскиот голман доби директен црвен картон на натпреварот од 14. коло на Лига 1 против Ле Авр (2:0) уште во 10. минута, која го собори противничкиот фудбалер Хосуе Казимир во обид да ја исфрли топката пред него.
Дисциплинската комисија во Лига 1 одлучи да го дисквалификува Донарума на два првенствени натпревари. Тоа значи дека италијанскиот голман ќе ги пропушти натпреварите на ПСЖ против Нант и Лил.