Жоел Матип ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и можно е за него да е завршена сезоната, објавија англиските медиуми.
веста ја соопшти и самиот менаџер на „црвените“ Јирген Клоп. Дефанзивецот се повреди на неделниот премиерлигашки меч со Фулам (4:3), на кој беше заменет во 69. минута.
32-годишниот Камерунец најверојатно ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.
„За жал, ова е она што го очекував од првата секунда. Сè изгледаше токму вака. Немавме многу среќа“, изјави Клоп. Со оглед на тоа што договорот на Матип со Ливерпул се уште не е продолжен, а завршува во јуни следната година, ова можеби беше и неговиот последен меч за Ливерпул.
