Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, кој беше позитивен на тестостерон кој се наоѓа на листата на забранети супстанци, може да добие максимална казна од Италијанската анти-допинг агенција.
Доколку судот го прифати барањето од aнти-допинг агенцијата и му одреди суспензија за четири години, тоа веројатно ќе значи и крај на кариерата за Французинот кој има 30 години.
Играчот на „старата дама“ беше позитивен на допинг-тест по мечот со Удинезе кој се одигра на 20 септември.

