Фудбалската федерација најави дека од наредната сезона во Првата лига може ќе се користи технологијата за помош на судиите – ВАР.
-Свесни сме за предизвиците кои ги носи овој процес, особено во наоѓањето на соодветна продукциска куќа за емитување на натпреварите, што беше и клучен проблем и покрај нашата решеност веќе оваа сезона да имаше достапна ВАР технологија “ – стои во објавата.
-Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме“ – се вели во дел од соопштението од Куќата на фудбалот.

