Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген вчера беше опериран и според последните информации, хируршката интервенција била успешна. Истата е извршена во Стразбур од страна на еден од водечките специјалисти за повреди на грбот.
Се очекува опоравувањето на Тер Штеген да трае околу два месеци, по што тој ќе продолжи со тренинзите. Најверојатно германскиот интернационалец ќе биде подготвен за настап на крајот на јануари.
