Петкратниот фудбалски шампион на Босна и Херцеговина, Сараево, е заинтересиран за нашиот голман Дени Илиев како замена за досегашниот прв голман на тимот, Мухамед Шехиновиќ, кој ќе го напушти клубот.
Македонскиот голман моментално е член на ХЈК Хелсинки, а поголемиот дел од кариерата го помина во младинскиот тим на Арсенал и беше позајмуван во неколку клубови. Во ХЈК Хелсинки паузираше извесен период поради повреда на лактот, а во меѓувреме оваа екипа стана првак на Финска.
Босанците пренесуваат дека Илиев би бил добро засилување затоа што не би бил третиран како странец според прописите.

