Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека клубот разговара за опцијата за продолжување на договорите со дефанзивците на „црвените ѓаволи“ Арон Ван-Бисака и Виктор Линделоф , како и со напаѓачот Антони Марсијал и со играчот од средниот ред Ханибал Мејбри.
„Размислуваме за овие договори, но за такви работи разговараме само во тимот“, вели Тен Хаг во изјава за новинарот Фабрицио Романо.
Да потсетиме, договорите на Ван-Бисака, Линделоф, Марсијал и Мејбри истекуваат во летото следната година. Претходно во медиумите се појави информација дека Манчестер Јунајтед размислува да се раздели со Марсијал и Линделоф.
По 15 кола во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед има 27 бодови и се наоѓа на шестото место.

