Фудбалерите на Тотенхем доцна синоќа славеа во дербито против Њукасл со 4:1 во меч од 16 коло во англиската Премиер лига.
Менаџерот на „спарси“, Анже Постекоглу, вели дека победата била императив за да се прекине слабата серија во претходните неколку кола. Неговиот тим сега заостанува четири бодови зад четвртиот на табелата – Манчестер Сити.
„Мислам дека имавме одличен фудбал од сите аспекти и момците беа наградени за тоа. Се надевам дека сега започна светла серија“ – рече Постекоглу.

