Голгетерот на Наполи, Виктор Осимен, е прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2023 година.
Најдобриот стрелец во претходната сезона во Серија „А“, доби најмногу гласови и ги остави зад него, Мароканецот, Ашраф Хакими (ПСЖ) и третопласираниот Мохамед Салах од Египет кој настапува за Ливерпул.
Осимен е првиот Нигериец кој успеа да ја освои наградата за најдобар фудбалер на Африканскиот континент по Нванква Кану во 1999 година.