Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер го коментираше 700-от натпревар во неговата професионална кариера. Ова се случи токму на натпреварот во Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед. Баерн победи со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол беше играчот од средниот ред Кингсли Коман.
„Не бев свесен за овој факт. Јас сум сосема подготвен. Не ни очекував дека се ќе оди толку добро откако ќе ја скршам ногата и дека ќе можам постојано да го одржувам ритамот на играта. Многу сме среќни – многу сум им благодарен на лекарите“, изјави Нојер на официјалната веб-страница на УЕФА.
Мануел Нојер потекнува од школата на германскиот Шалке 04, од каде во летото 2011 година се пресели во Баерн Минхен. На одиграните 700 натпревари, 37-годишниот голман примил 588 гола, а на 318 натпревари ја зачува својата мрежа без да прими гол.

