Шпанските екипи можат да освојат четири од петте групи оваа сезона во Лигата на шампионите. Реал Мадрид и Реал Сосиедад веќе ги освоија првите места во групите Ц и Д.
Реал Мадрид победи на шест од нивните шест натпревари во групата Ц и освои 18 бода, осум повеќе од Наполи, кој заврши на второто место. Реал Сосиедад во Д групата освои 12 бода со три победи и три нерешени, ист број на бодови освои и Интер кој е второпласиран.
Барселона по пет кола е на чело во групата Х, Каталонците имаат 12 бода. Порто кој е второпласиран има девет бодови, но Барселона е подобра во нивните меѓусебни средби.
Атлетико Мадрид е и на лидерската позиција во групата Е. Тимот на Диего Симеоне има 11 бодови, а го следи Лацио со 10 и вечерва во директна пресметка решаваат за првата позиција во групата.
Единствениот шпански тим што не успеа да ја освои својата група во Лигата на шампионите е Севиља. Оваа екипа не само што не ја освои групата, туку и ги заврши настапите откако го освои четвртото место во групата Б.

