Реал Мадрид двапати ги завршуваше настапите во Лигата на шампионите во полуфиналната фаза откако претходно ги добил сите шест натпревари од групната фаза.
Во Лигата на шампионите оваа сезона, Реал Мадрид ги доби сите шест натпревари од групата Ц, освојувајќи 18 поени. Ривали на тимот на Карло Анчелоти во групната фаза беа италијанскиот Наполи кој го освои второто место со 10 бода), португалската Брага (трето место, четири бода) и германскиот Унион Берлин (четврто место, два бода).
Реал Мадрид го држи рекордот за најмногу победи во Лигата на шампионите. Оваа екипа го има освоено натпреварувањето 14 пати. Во финалето на Лигата на шампионите, Реал Мадрид доживеа само три порази во целата своја историја.
Актуелен освојувач на најпрестижното европско натпреварување е англискиот Манчестер Сити кој исто така веќе обезбеди пласман во елиминациската фаза без голем проблем во конкуренција на Лајпци, Јанг Бојс и Црвена Ѕвезда.