Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, им се заблагодари на навивачите кои го повикаа да остане на Олимпико и по истекот на неговиот договор.
„Можам само да им се заблагодарам на навивачите. Но, не сум јас на теренот, тоа е тимот на кој му треба нивната поддршка“ – вели Португалецот.
„Искрено велам – ако добиеме дефанзивец во преодниот рок во јануари, ќе бидам среќен“, прокоментира Мурињо.

