Фудбалерите на Атлетико Мадрид со вчерашната сигурна победа против Лацио го потврдија пласманот во фазата на елиминации во Лигата на шампионите. Тренерот на шпанскиот состав, Диего Симеоне, вели дека е задоволен од прикажаното во групната фаза.
„Во осминафиналето сите екипи се многу силни. Направивме чекор напред во однос на последните неколку сезони кога имавме проблеми во групите“ – вели Симеоне.
„Јорганџиите“ на мечот со „римските орли“ се израдуваа на 20-та последователна победа на домашен терен во сите конкуренции и го изедначија нивниот рекорд поставен од мај 2012 до февруари 2013 година.

