Ако минатата сезона, Роберт Левандовски, беше главен напаѓач на Барса, сега е бледа сенка на самиот себе.
Кон крајот на оваа година полскиот голгетер влегува со само девет гола, од кои едвај три има постигнато во последните три месеци. Лани во истиот период постигна двојно повеќе голови а до минатата зима беше и најдобар стрелец во Ла Лига со 13 гола.
Левандовски е рекордер и по бројот на пропуштени шанси во шпанското првенство, досега 16. Да реализираше барем половина од нив, Барса ќе беше лидер во Ла Лига.