Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике испратил свој личен асистент да ги „чешла“ париските ноќни клубови за да дознае дали неговите играчи присуствуваат на тајни забави.
Тој исто така бил одговорен за проверка на страниците на социјалните мрежи на играчите за да се осигура дека луѓето блиски до играчите немаат лошо влијание врз нив. Покрај тоа, Енрике вовел и задолжителен систем за регистрација во тренинг базата на тимот.
Забележано е дека дисциплината под водство на Енрике била еден од неговите главни принципи како тренер.

