Тотенхем подготвува интересна понуда за бразилското чудо Морато откако тој импресионираше со настапите во Лигата на шампионите. 22-годишниот централен бек беше фантастичен во победата на Бенфика со 3-1 над РБ Салцбург во средата.
„Сан“ пишува дека тој е главната цел на менаџерот Анже Постекоглу за јануарскиот преоден рок. Морато, кој игра како лев и централен бек, ја освои својата прва титула минатата сезона кога Бенфика триумфираше во Португалија.
Неговиот актуелен договор со лисабонските орли е до летото 2027 година, со откупна клаузула која во моментов изнесува 68 милиони фунти.

