По Шкендија и Вардар и екипата на Силекс од денеска е без тренер. Утрово досегашниот предводник на кратовци, Горазд Михаилов објави дека заминува од кормилото на Силекс по две и пол години поминати на чело на прволигашот.
“Секогаш има крај на една епизода, епизода која траеше 2,5 години. Можам да бидам презадоволен од постигатите резултати, но тие не би се постигнале ако не ја имав подршката од моите соработници. Успеавме да го вратиме ФК Силекс на старите патеки во мак-фудбалот и константно да го подобруваме нашиот рејтинг со игрите и резултатите. Затоа на сите од клубот им благодарам од се срце за неизмерната подршка, шансата која ми ја доверија и ја оправдав со својата посветеност и резултати, а верувам дека во иднина ќе постигнувате позитивни резултати, а јас ќе Ве следам и навивам за Вас. Ти благодарам Кратово, ти благодарам Силекс“, истакна Михаилов.

