Екипите кои се дел од Конференциската лига на УЕФА ги дознаа противниците за плеј-оф рундата од ова натпреварување.
Во оваа фаза на Конференциската лига , Македонија има два свои фудбалски интернационалци кои настапуваат за Динамо Загреб, а Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе играат против шпанската екипа Бетис од Севиља.
Парови во плеј-оф рундата на Конференциската лига:
Штурм Грац – Слован Братислава
Сервет – Лудогорец
Унион Сент Жилоа – Ајнтрахт Франкфурт
Бетис – Динамо Загреб
Олимпијакос – Ференцварош
Ајакс – Бодо/Глимт
Молде – Легија Варшава
Макаби Хаифа – Гент

Директен пласман во осминафиналето преку првото место во групите обезбедија Лил, Макаби, Викторија Плзен, Бриж, Фиорентина, Астон Вила, ПАОК и Фенербахче.
Нокаут рундата ќе се одигра на 16 и 23 февруари, а ден подоцна е закажана ждрепката за осминафиналето.

