Раководството на Реал Мадрид ја разгледува можноста да го врати дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан.
Според некои медиуми, желбата на мадридскиот клуб за Варан се засилила поради повредата на дефанзивецот Давид Алаба, кој заработи кинење на вкрстените лигаменти на левото колено.
Варан беше играч на Реал Мадрид десет години во периодот од 2011 до 2021 година. Во овој период, францускиот дефанзивец одигра 360 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 17 гола и седум асистенции.