Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, доколку остане на кормилото на „црвените ѓаволи“, планира да го купи крилниот играч на Атлетик Билбао, Ник Вилијамс.
21-годишниот фудбалер во претходната сезона имаше 43 средби во сите конкуренции со ефект од девет голови и шест асистенции додека во тековнава има 15 средби на кои даде четири голови и имаше пет успешни додавања.
Вилијамс за селекцијата на Шпанија има реализирано 11 мечеви и постигнато два гола.

