Генералниот секретар на нашата одбојкарска федерација, Зоран Карановиќ, во интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека е задоволен со реализираната агенда во годинава што изминува.
„Организацијата на една од групите на Европското првенство беше нашиот главен фокус. Мораме да потенцираме дека ги исполнивме очекувањата и добивме пофални зборови од првите луѓе на европската одбојка“ – вели Карановиќ.
„Во почетокот на новата година не чекаат нови меѓународни настани на кои ќе бидеме домаќини. Ќе се насочиме кон младите селекции иако и сениорските ќе имаат значајни натпреварувања“ – вели Карановиќ во дел од интервјуто за Спортско радио 90, 3 ФМ кое може да го слушате на следниов ЛИНК.

