Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер потпиша нов договор со својата екипа, ова го пренесува официјалниот сајт на германскиот клуб.
Двете страни го продолжија договорот до јуни 2025 година. Претходниот договор на Томас Милер со Баерн би истекол во летото 2024 година.
34-годишниот Милер потекнува од школата на Баерн Минхен. За првиот тим настапува од јули 2009 година. Играчот од средниот ред учествуваше на вкупно 684 натпревари за „Баварците“. Успеа да постигне 237 голови и 261 асистенција.
Заедно со германскиот клуб, играчот од средниот ред освои 32 трофеи. Да потсетиме, оваа сезона Милер настапи на 18 натпревари на Баерн. Германскиот фудбалер забележа два гола и пет асистенции.

