Доцна синоќа беше постигнат договор меѓу Наполи и Лајпциг за трансфер на Елиф Елмас вреден 25 милиони евра. Овој трансфер е историски бидејќи е најголем за играч од Македонија.
Елмас и претходно го држеше рекордот за најскап македонски фудбалер, откако Наполи за него на Фенербахе му плати 16,2 милиони евра.
Според информациите, Елмас ќе потпише договор со бундеслигашот до 2028 година. Двата клуба си подале рака, но ќе се чека стартот на преодниот рок за завршување на формалностите.

