Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, зборуваше за враќањето на теренот на играчот од средниот ред, Кристофер Нкунку.
„Зборуваме за играч кој пристигна и се повреди. Потребно е време за да започнете со настап и да влезете во топ форма. Набрзо очекуваме да го видиме најдобриот Нкунку но, нема да вршиме преголем притисок врз него. “ – вели Аргентинецот.
26-годишниот фудбалер им се приклучи на лондончани во летото и веднаш се повреди на претсезонски тест натпревар.