Селекторот, Кире Лазаров, на стартот на подготовките за Европското догодина во Германија, вели дека е среќен што ќе работи со млади ракометари кои треба во иднина да донесат добри резултати.
„Немавме среќа во ждрепката затоа што ги добивме Франција, Германија и Швајцарија. Ние сме млада репрезентација и јас како селектор сум задоволен што имам можност да ја тренирам репрезентацијата која во иднина ќе направи големи работи. Немаме многу време но, ќе се подготвиме добро“ – вели Лазаров.
„ Од утре се селиме во Стара Пазова, каде што на 23 декември ќе ни се приклучи Талески а потоа на 25 декември и Митревски. Мора да бидеме позитивни. Ќе се обидеме да создадеме добра хемија и ракометарите со гордост ќе го носат македонскиот дрес“ – вели Лазаров.

