Европскиот Суд денеска донесе одлука дека УЕФА и ФИФА немаат право да ги санкционираат екипите кои сакаат да бидат дел од друго меѓународно натпреварување кое не е под нивна капа.
Тоа значи дека така наречената Супер-лига предводена од Реал Мадрид и Барселона, ја доби битката со двете фудбалски организации откако судот ги прифати аргументите дека УЕФА и ФИФА имаат незаконски монопол за организација на меѓународни натпреварувања.
Ќе потсетиме дека Супер-лигата воопшто не стратуваше по големиот притисок и закани од УЕФА и ФИФА. Тогаш англиските, италијанските и дел од шпанските екипи, иако најавија дека сакаат да учествуваат, експресно се повлекоа.

