Екипата на Џирона доколку влезе во топ 4 во шампионатот на Шпанија, има голема веројатност да пропушти учество во Лигата на шампионите
Имено, тимот од Пиринеите и англискиот Сити се во сопственост на холдингот – „Сити фудбал груп“ а правилата на ЛШ не дозволуваат такво нешто. Холдингот поседува уште 10 клубови во Европа и целиот свет.
Тоа се: Ломел (Белгија), Њујорк (САД), Палермо (Италија), Мелбурн Сити (Австралија), Јокохама Ф. Маринос (Јапонија), Монтевидео Сити (Уругвај), Троа (Франција) Сечуан Џунју (Кина), Мумбаи Сити (Индија) и Баија (Бразил)

