Рускиот тенисер, Данил Медведев, кој годинава ја заврши на третото место на АТП листата зад Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, вели дека Србинот ја има добитната формула како да остане на врвот во рангирањето.
„Единствено сигурно е дека Новак секогаш ќе биде таму. Сè друго може да се промени, можам да испаднам од првите десет но. Новак е секогаш таму“ – вели Медведев.
„Малку се одвоивме од другите во еден дел од сезоната особено на крајот гледајќи низ поени. Тоа покажува колку различна може да биде секоја година“ – рече Русинот.