Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, откри што им кажал на своите играчи на полувремето на натпреварот против Астон Вила.
„Црвените ѓаволи“ губеа со два гола разлика по 45 минути игра, по што остварија незаборавен пресврт за 3:2.
„На паузата губевме со два гола. Сепак, одигравме силно и во првото полувреме. Во паузата им реков на момците: „Продолжете да верувате и правете ги работите на ист начин, уште подобро. Моравме да извршиме притисок врз противникот и видовте што се случи кога при 1:2 уште повеќе го подигнавме темпото“, вели Тен Хаг.

