Челзи ќе биде без играчот од средниот ред Енцо Фернандез, но и без Мојсес Каиседо за денешниот дуел со Кристал Палас во Премиер лигата, изјави менаџерот Маурисио Покетино.
Лондончани, кои се десетти на табелата сега останаа и без Рахим Стерлинг и Кол Палмер, двајца од нивните најдобри стрелци, кои се суспендирани поради акумулирани картони.
Фернандеш се опоравува од кила, додека Каиседо е болен а девет играчи се на листата на недостапни, со што Покетино остана без 11 играчи за последниот домашен натпревар годинава.

