Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк на прашањето какви се шансите на Ливерпул во борбата за титулата изјави дека е многу рано да се зборува за титулата.
„Се уште е декември, па да не одиме толку многу напред. Го одигравме последниот натпревар оваа година, и јас сум многу среќен, бидејќи сега можам да поминам неколку дена со моето семејство“ – вели корпулентниот дефанзивец.
„Дефинитивно сме решени оваа сезона да конкурираме за шампионската титула. Ќе видиме каде ќе завршиме“, изјави ван Дајк по победата над Барнли.