Фудбалската федерација на Македонија заради грубо кршење на одредбите на Статутот на ФФМ изрече суспензија во траење од 2 години на ОФС Струмица. Фудбалските клубови, членки на ОФС Струмица, продолжуваат со натпреварувањето во тековното првенство во истиот ранг на натпреварување каде се натпреварувале пред носење на оваа одлука, а во сезоната 2024/25 во рангот каде оствариле пласман.
Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици од изречената суспензија односно: фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Струмица продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде тековно се наоѓаат согласно правилата за судии и судење.
До носење на наредна одлука, Комисијата за регистрација на ОФС Штип ќе ги извршува сите активности согласно своите надлежности и за клубовите и фудбалерите членови на ОФС Струмица.

