Напаѓачот на Џирона, Артем Довбик е трансфер цел на Атлетико Мадрид. Мадриѓани се надеваат дека ќе го привлечат украинскиот интернационалец следното лето, но преговорите сакаатд а ги започнат уште сега.
Довбик има одлична сезона со сензацијата во Ла Лига. 26-годишниот фудбалер има 18 натпревари и 11 голови за каталонскиот тим, кој го дели првото место на табелата со Реал Мадрид.
Договорот на Довбик со Џирона е до 2028 година, а интерес за него покажува и Барселона.

