Дефанзивецот на Јувентус, Бразилецот Бремер и официјално потпиша нов договор со клубот. Бразилецот ќе остане во редовите на „Старата Дама“ до 2028 година.
Бремер беше доведен од градскиот ривал Торино во 2022 година за 41 милион евра. Тој брзо се наметна како главна фигура во тимот и моментално е најстандардниот дефанзивец кај тренерот Масимилијано Алегри.

