Познатиот италијански фудбалски тренер, Фабио Капело, вели дека отказ за Пиоли нема да донесе ништо ново во редовите на Милан.
„Нема поента да се менува тренерот иако Пиоли мора да најде решение за слабата игра во средниот ред. Не треба да заборавиме дека Пиоли се соочува и со многу повредени фудбалери“ – изјави Капело.
Милан е трет во Серија А со 33 бодови, односно седум помалку од Јувентус и 11 од лидерот Интер.

