Легендарниот , судија Марк Клатенбург, објасни дека недоволниот број на докази направил да се признае водечкиот гол на Вест Хем на вчерашниот меч со Арсенал.
Тој потенцира дека судијата Мајкл Оливер и луѓето од ВАР собата немале реален агол да проценат дали топката излегла надвор од теренот кога Боуен го проигра стрелецот Соучек.
„Од аглите кои јас ги видов, не можеше да се донесе сигурен заклучок но, дури ми изгледа дека топката е на линија. Кога нема јасен доказ, не може да се менува одлуката на главниот судија“ – објасни Клатенбург.

