Претседателот на шпанската Барселона, Жоан Лапорта, им се обрати на навивачите на Каталонците в пресрет на 2024 година во која ќе се прослави 125-годишнината од основањето на клубот.
„Без разлика од каде доаѓаме, сите ние го зајакнуваме и развиваме семејството. Сакаме да ги шириме нашите вредности, понизност, тимска работа и почит низ целиот свет“ – рече Лапорта.
Барса по 18 кола се наоѓа на третото место на табелата во Примера Дивизион. Пред неа се Реал Мадрид и Џирона.

