Барселона размислува да му понуди на Манчестер Сити размена на играчи.
Според изворот, Каталонците се подготвени да го дадат 20-годишниот Алехандро Балде на позајмица во редовите на „граѓаните“ во замена за дефанзивецот Жоао Кансело, кој е на позајмица во Барселона од Сити до летото 2024 година.
Каталонците сакаат трајно да го задржат 29-годишниот Португалец, но тоа тешко може да се случи поради финансискиот фер-плеј.
Кансело оваа сезона забележа 21 настап за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции. Балде има 22 натпревари и еден гол. Неговиот договор со Барселона е до летото 2028 година

