Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше воодушевен од победата од 4-2 над Њукасл на првиот ден од 2024 година.
„Тоа беше сензационален натпревар за мојот тим. Почнавме многу добро. Сите видоа што направи Дубравка. Супер натпревар, многу работи ми се допаднаа, освен головите кои ги примивме. Неверојатен натпревар, неверојатна атмосфера. Нашиот контра-пресинг беше како за фудбалските школи. Треба да се гледа и да се учи. Беше добро во секој поглед“, смета Клоп.
За она што го чека тимот во продолжение, Германецот вели:
„Шоуто мора да продолжи. Сега ќе имаме пет или шест слободни денови за тренинзи. Тоа ќе промени се во однос на свежината во тимот. Доминик Собослај има повреда на бутот, но се надевам дека не е нешто сериозно“, додаде Германецот.

