Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го коментираше поразот на тимот во натпреварот од 19. коло од шпанското првенство со Џирона. Атлетико Мадрид голот за пораз го прими во првата минута од судиското продолжение.
„Секогаш гледам на позитивната страна, не почнавме баш најдобро, тие беа подобри во првите 30 минути. Кога напаѓавме, доаѓаа головите, имаше опасност, можевме да го израмниме резултатот и имавме одлично второ полувреме. Направивме огромен напор, што доведе до промени бидејќи видов дека играчите се многу уморни. Останува само да и честитаме на Џирона, со оваа решителност се ќе биде многу добро за нив“, изјави Симеоне за „Марка“.
Џирона моментално се наоѓа на второто место во шпанското првенство со 48 бодови. Атлетико Мадрид пак е на четвртото место со 38 бодови.