Тетовска Шкендија денеска го претстави својот нов тренер. По заминувањето на Ардијан Нухиу, тетовчани нешто помалку од еден месец беа во потрага по нов тренер, а на крај довербата му ja додоа на Јетон Беќири.
Младиот стратег денес и официјално беше претставен преку социјалните мрежи на клубот. Беќири двапати беше привремен тренер на Шкендија, а во македонската јавност е познат по големиот успех со Струга Трим Љум, која пред неколку сезони ја внесе во Првата македонска фудбалска лигата.

