Фудбалерот, Џордан Хендерсон, беше дел од Ливерпул од 2011 до 2023 година. Потоа се пресели во Саудиска Арабија во редовите на Ал-Етифак но, по само неколку месеци искусниот играч сака да се врати во Европа.
Токму за тие шпекулации проговори тренерот на „црвените“, Јирген Клоп.
„Дали Хендо имаше прес-конференција и тоа го кажа? [Не]. Не ми се јавил. Зборувавме всушност но, не за тоа“ – истакна германскиот тренер на клупата на Ливерпул.

