Денеска во 78 година од животот почина една од најголемите фудбалски легенди на Германија, Франц Бекенбауер.
Оваа информација ја соопшти семејството на поранешниот славен дефанзивец од Минхен. Фудбалер кој одбележа едно време во германскиот фудбал. Најславните денови од кариерата Бекенбауер ги мина во редовите на Баерн Минхен. За германскиот гигант од 1964 до 1977 година, екс-дефанзивецот одигра 427 натпревари.
Освен за баварците, во кариерата Бекенбауер настапуваше за Њујорк Космос и Хамбургер, а беше и стандарден репрезентативец на тогашната Западна Германија. Севкупно, Франц Бекенбауер одигра 620 натпревари во сите натпреварувања на клупско ниво, на кои постигна 74 гола и 75 асистенции.
Бекенбауер учествуваше и во 103 натпревари за германската репрезентација за која постигна 14 гола.
По играчката, Бекенбауер имаше и тренерска кариера во која беше германски селектор, а во две епизоди го водеше и Баерн Минхен. Исто така, имаше и кратка етапа како спортски директор на Олимпик Марсеј.

