Фудбалската федерација на Бразил го назначи искусниот локален тренер Доривал Жуниор за нов селектор на репрезентацијата. Доривал кој го напушти Сао Пауло по нецели два месеци за да ја прифати селекторската улога е наследникот на Диниз, кој досега ја вршеше должноста селектор.
Фудбалската федерација на Бразил ќе му плати на Сао Пауло отштета од 370.000 евра за раскинот на договорот на Доривал.
Тој ќе го предводи Бразил на Копа Америка оваа година како и низ квалификациите за СП 2026 и на самиот турнир (доколку Бразил се пласира).

