Јунус Емре Конак му се приклучи на Брентфорд, објави англискиот клуб кој се наоѓа на 16-то место во Премиер-лигата.
18-годишниот фудбалер од средниот ред потпиша договор со лондончани до 2029 година со опција за продолжување на уште една сезона. Конак е младински играч на Сиваспор а во сезонава има 17 натпревари со една асистенција.
Toj има три меча за младинската репрезентација на Турција а на трансфер-пазарот вреди два милиони фунти.