Тимо Вернер вчера го имаше дебито за Тотенхем по неговиот кам-бек во Премиер лигата. Напаѓачот на РБ Лајпциг се пресели во лондонскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната, а вчера заигра на дербито со Манчестер Ј. кое заврши без победник.
„Прво, јас сум многу среќен што се вратив во Премиер лигата. Многу е забавно да се игра овде. Освоивме еден бод, но во следните неколку дена ќе можам да тренирам повеќе со момците и работите би можеле да одат подобро. Кога играте за нов клуб против Јунајтед на овој стадион, секогаш сте малку нервозни. Бев возбуден. Она што го гледам во Тотенхем и она што тренерите и играчите го направија за мене во последните неколку дена е неверојатно. Веднаш се вклопив во тимот“, рече германскиот напаѓач.

