Турска Анталијаспор го суспендираше Израелецот Сагив Јехезкел поради тоа што на вчерашниот натпревар од турската Суперлига против Трабзонспор (1:1), го прослави својот гол покажувајќи завој со датумот на нападот на Хамас врз Израел – 7 октомври.
Во официјалното соопштение, Анталијаспор ги нарече постапките на Јехезкел „спротивни на вредностите на земјата“ и ја објави одлуката на управата да го суспендира напаѓачот. Претседателот на клубот Синан Бозтепе изјави дека најверојатно ќе биде раскинат договорот со израелскиот фудбалер.

